Свет
8. October 2018 - 11:56

Вака се гласа со пиштол: Шокантна снимка од гласачко место…

Неверојатна снимка пристигнува од Бразил каде што вчера се одржуваше првиот круг од претседателските избори.

Имено, на видеото кое што се појави на интернет, може да се види како еден Бразилец го остварува своето гласачко право со пиштол на избирачкото место.

Гласачот со пиштолот удираше по тастерите и како што се чини, гласаше за кандидатот на десницата Жаир Болсонаро. Како што пренесуваат бразилските медиуми, ова не е изолиран случај, односно досега биле регистрирани повеќе случаи во кои гласачите со огнено оружје го остваруваат своето право на глас.