Една од снимките од внатрешноста на бунарот докажува дека тоа било страотен пад. Камерата снимила наслаги од земја, песок и камења на некои 100 метри длабодина. Се верува дека е покренато свлечиште кое ја нанело таа земја поради што спасителите не можат да дојдат до детето.
Стравот од ново свлечиште ја отежнува потрагата.
Меѓу остатоците кои спасителите ги извлекоа од бунарот пронајдена е коса, а со ДНК анализа потврдено е дека му припаѓа на детето.
Шпанската полиција соопшти дека вработени во една шведска компанија, која пред повеќе од седум години помогна да се лоцираат и спасат 33-цата чилеански рудари откако 69 дена поминаа под земја, стигнаа во вторникот за да помогнат во операцијата за спасување на детето.
Се разгледува можноста за копање на алтернативни канали до дното на бунарот, а официјалните лица соопшти дека работат на прекопување на тунели во блзиина на бунарот.