В сабота во Скопје Шеста годишна конференција на Здружението на преведувачи и толкувачи
егулатива за судски превод во Република Македонија, приказ на правосудниот систем во земјата, улогата на судскиот толкувач во судница, пренесување на туѓите имиња на кирилица и на македонските имиња на латиница, се дел од темите на Шестата годишна конференција на Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија што ќе се одржи во сабота во Скопје.
На конференцијата ќе се зборува и за регионалните активности на Здружението за изработка на повеќејазичен поимник на правни термини во соработка со другите здруженија во регионот, но и за моменталните состојби со судскиот превод во државата.
Конференцијата ќе започне со воведно обраќање од претседателката на ЗПРМ Огнена Никуљски, а ќе продолжи со неколку излагања од видни стручњаци во областа на судскиот превод и толкување во судница, како и гости од Словенија и Србија кои ќе споделат информации за состојбите во регионот.
Ново на Сител
-
При украински напад со дронови запалена руската рафинерија за нафта во Рјазан
-
Најстудено во Битола, Прилеп и Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Пронајдени неколку пиштоли во автомобил кој го возел 15-годишно дете
-
44 години од раѓањето на Тоше Проески - „Ангел си ти“ програма во Крушево
-
Промоција на нови полициски службеници
-
Грчкиот Парламент гласа за избор на претседател на земјата
-
Зеленски: Путин сака да манипулира со Трамп
-
Хегсет избран за министер за одбрана на САД