В сабота и официјално ќе започне предизборниот период во Грција
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, за време на презентација на Програмата за развој на Јонските острови, соопшти дека в сабота „и официјално ќе започне предизборниот период со распуштање на Парламентот“ во пресрет на парламентарните избори на 21 мај, јави дописничката на МИА од Атина.
Одлуката за распуштање на Парламентот ќе биде закачена на влезната врата на Парламентот, ќе започне и официјално четиринеделната предизборна кампања, а ќе бидат сменети и одредени министри од Владата, меѓу кои и оној за внатрешни работи, надлежен за изборниот процес.
Иако официјално земјата не е во предизборен период, партиите веќе интензивно започнаа со кампањи, посети низ цела Грција, говори на партиските лидери, средби со граѓани и сл.
На крајот на март за време на владината седница, грчкиот премиер соопшти дека изборите во земјата ќе се одржат на 21 мај 2023 година.
Ново на Сител
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение
-
Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање во вршење на службата
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава
-
Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра
-
Намалени производството и продажбата на шумски производи