В недела предвремени парламентарни избори во Бугарија
Бугарија в недела повторно гласа за нов парламент, каде очекуваат веројатно враќање на поранешниот премиер Бојко Борисов на раководството и пад на силите на промените.
Принуден да се повлече во 2021 година по бранот антикорупциски демонстрации, политичкиот ветеран Бојко Борисов е фаворит на овие шести избори во последните три години во Бугарија, најсиромашната земја во Европската унија.
Анкетите и даваат на неговата конзервативна партија Герб околу 25 отсто од гласовите, што е десет отсто повеќе од реформаторите на коалицијата „Продолжуваме со промените/Демократска Бугарија“ (ЦК/БД). Таа коалиција не успеа да го задржи моментумот што привремено ја донесе на власт во 2022 година, пренесе Бета.
Тие два табора ги оставија настрана нивните разлики во јуни 2023 година. Тие формираа прозападна влада соочени со војната во Украина и го блокираа патот на привремените кабинети поставени од претседателот Румен Радев.
Сепак, таа кревка заедница меѓу Герб и реформаторите траеше само девет месеци, бидејќи земјата се врати во политички хаос.
Има една партија што би можела да има корист од таквата ситуација. Тоа е партијата на турското малцинство МДЛ (со околу 15 проценти од гласовите според анкетите), предводена од пратеникот Делјан Пеевски. Сепак, Пеевски е поранешен медиумски магнат на листата за санкции на САД и Велика Британија за корупција, наведува Бета.
Борисов рече дека повеќе не се кандидира за премиер, но вети дека ќе се обиде да состави коалиција за да стави крај на нестабилноста. Пеевски, пак, е подготвен да учествува во владата.
Критичарите сметаат дека двајцата, кои со години се премолчено поврзани, сакаат да го „зачуваат статус квото“, особено на ниво на судството и разузнавачките служби, поради страв дека новите власти ќе истражат некои афери и ќе ја откријат нивната можна поврзаност.
Во случај на неуспех, наесен би можело да се организираат нови избори, што според аналитичарите е многу веројатно сценарио.
Кампањата за овие избори се одржа истовремено со кампањата за изборите за ЕП.
Ново на Сител
-
Алкараз: Ќе се сеќавам на страста со која Надал го живееше тенисот
-
Мицкоски по повод Светскиот ден на детето: Нашата цел е да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери
-
Комити бараат смена на раководството на Вардар, незадоволни се од однесувањето на Неделковски
-
Бесплатна стручна поддршка од Институтот за специјална едукација и рехабилитација за децата со атипичен развој од Кисела Вода
-
Минималната синдикална кошница за ноември изнесува 62 021 денари
-
Мицкоски со оптимизам дека ќе има договор со банките за кредитите за унгарскиот заем
-
Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО
-
Кривична пријава за загадување на животната средина, природа, добиточна храна и вода