Уживајте уште денеска, од утре се менува времето
Времето утре претпладне во Македонија ќе биде облачно со услови за краткотраен слаб дожд само на северозападот од земјата. Попладне и кон крајот на денот ќе биде облачно со врнежи од дожд насекаде, поинтензивни ќе бидат врнежите во источните и југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер кој на крајот од денот повремено ќе се смени во засилен северозападен ветер, особено ќе биде забележлив во источните делови од земјата.
Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 17 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со повремен дожд. Преку денот ќе дува умерен југоисточен ветер, а кон крајот на денот ќе почне и во Скопската котлина да дува умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 20 степени.
Од утре нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна воздушна маса што ќе услови врнежи од дожд со променлив интензитет и пад на температурата која ќе се почувствува веќе од среда. Повремен дожд ќе има и во среда попладне и преку ноќта кон четврток, а во четврток врнежите ќе бидат поинтензивни особено во западните и јужните делови од земјата каде што повремено може да имаат и пороен карактер.
Ново на Сител
-
Малолетник прободен со остар предмет на подрачјето на Бит Пазар
-
Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули
-
Приведен 52-годишен тетовец, управувал возило со 2.63 промили алкохол во крвта
-
Јаневска: Образованието и науката го добиваат потребното внимание и стануваат клучни развојни ресурси на државата
-
Нови 300 слободни места за специјализанти, најави министерот Алиу
-
Ослободен македонскиот возач на камион, кој беше уапсен за сообраќајна несреќа во близина на Солун
-
Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро | ФОТО
-
Српскиот премиер го осуди насилството и повика на дијалог