Ужасно: Осумгодишна малечка невеста почина од повредите на првата брачна ноќ
Осумгодишно девојче од Јемен починало од внатрешно крварење по првата брачна ноќ со пет пати постар младоженец.
Ужасниот настан ја вознемири јавноста и ја врати на дневен ред ужасната традиција на земјите од Средниот исток, која девојчињата ги принудува на брак.
Хуманитарните организации се повикаа на апсење на сопругот на несреќното девојче, но и на сите негови соучесници.
Според податоците на Обединетите нации, меѓу 2011 и 2020 година над 140 милиони девојчиња ќе станаат нечии невести.
Од таа бројка, 50 милиони се помлади од 15 години, додека пред таа возраст во Јемен се мажат и повеќе од четвртина од девојчињата.
Оваа пракса не само што ги ограничува во натамошното школување, туку ги изложува на физичко, емотивно и сексуално насилство во текот на браковите на кои се принудени.
Најголем проблем во решавањето на ова прашање е тоа што на светско нивно не постои усогласена старосна возраст во однос на кои некој се дефинира како дете или возрасно лице.
Ново на Сител
-
Завршни зборови во судскиот процес против Додик
-
Украински пратеник: Изјавите на Трамп „непријатни“, но „не смееме да ги изгубиме американските сојузници“
-
Лавров: Русија разговараше со САД за отстранување на заканите кон земјата
-
ДУИ: За првпат по 2001, ниту една раководна позиција во тајните служби не е во рацете на Албанец
-
Усогласени нови правила на ЕУ за отпадот од храна и текстил
-
Сервер: Договор кој ќе го компромитира суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина ќе охрабри сецесионизам и иредентизам на Балканот
-
Нов пакет санкции од Брисел за Москва
-
Зеленски: Поради руските напади во Одеса најмалку 160.000 луѓе се без греење и електрична енергија