Балкан
12. December 2015 - 15:30

Ужасни сцени: 11 мртви во сообраќајна несреќа меѓу камион и минибус во Турција

Најмалце 11 лица загинале додека четири се повредени во стравична сообраќајна несреќа меѓу камион и минибус кој превезувал наставници и ученици во Ван во источна Турција, рано утринава.
 
На местото на несреќата е полицијата која ја спроведува истрагата, а повредените се пренесени во најблиската болница.