Балкан
3. March 2018 - 13:27

Ужасна сообраќајка во Хрватска: Се судрија два шлепери, автобус и неколку автомобили

Утрово во Хрватска се случи ужасна сообраќајна несреќа.
 
Во неа учествуваа голем број на возила меѓу кои два шлепера, еден од нив кој превезувал нафтени деривати, автобус и неколку автомобили.
 
Според досегашните информации кои ги пренесуваат хрватските портали, нема потешко повредени лица.
 
Причината за оваа несреќа, најверојатно е замрзнатиот снег на патот.