Свет
26. јуни 2018 - 17:49

Ужасна семејна трагедија во Германија: Пронајдени телата на жена и три деца измасакрирани во стан

Ужасна семејна трагедија се случи во баварскиот град Гунзенхаусен.

Роднина пријавил дека во станот ги затекнал безживотните тела на мајка и три дец,а а тешко повредениот татко и сопруг е пронајден пред зграда.

Еден од очевидците пријави дека додека одел на работа видел човек како скока од терасата на третиот кат.

Телата на неговата сопруга (29), нивната ќерка (3) и синовите од 7 и 9 години се пронајдени избодени во станот.

Полицијата затекнала страшна глетка. Телата на децата и жената лежеле во локва крв. Неофицијално се дознава дека мажот (31) признал дека ги убил жената и децата и се обидел да се самоубие скокајќи од тераса.

Соседите велат дека се работи за семејство наводно од руско потекло. Тој е веднаш префрлен во болница со повреди опасни по живот и веднаш опериран.

Причината за ова ужасно злосторство се уште се испитува.