Ужасна приказна: Болничар спасувал бомбаш самоубиец во Париз!
Медицинско лице, кое минатата недела, за време на терористичките напади во Париз се затекнал во близина на кафулето каде се случи еден од терористичките напади, веднаш притрчал да помогне на повредените. Видел едно повредено момче и се обидел да го оживее – подоцна се утврди дека токму тоа момче бил бомбаш-самоубиец.
Секунди по експлозијата во кафулето “Comptoir Волтер”, 46-годишниот здравствен работник побрзал да му помогне на повредениоте човек кој лежел под масата.
Кога стигнал до него започнал процесот на оживување со методот на вештачко дишење “уста на уста”, или кардио реанимација.
Меѓутоа, кога поради масажа на срцето ја искинал неговата мајца, видел жици и сфатил дека станува збор за терорисист кој на себе се ‘уште имал несплодиран експлозив.
„Насекаде по телото имаше жици – една бела, една црна, една црвена и една портокалова. Тогаш сфатив дека тој е бомбашот-самоубиец“, кажал Давид.
Дејвид всушност се обидел да го оживее Бахрим Абдеслам еден од терористите, неговиот експлозив не бил активиран, а тој имал дупка на страната од телото.
„Размислував за тоа и сфатив дека можев да загинам, можев да го активирам експлозивот. Бидејќи кога го легнав на подот и ја почнав реанимацијата – размислував само да му помогнам на човекот, а реанимацијата вклучува енергични движења и сфатив дека можев да ја активирам бомбата и да загинам и јас и луѓето кои беа тука“, заклучил Давид.
Ново на Сител
-
Со голема парада Трамп ја славеше американската армија и својот роденден
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна