Свет
4. July 2016 - 12:09

Ужасна експлозија во паркот: Бомба му ги разнела нозете!

Еден човек е тешко повреден во експлозија која се случила денеска во Централ Парк во Њујорк.
 
Очевидци за CBS2 изјавиле дека човекот се качил на камена структура, а потоа згазил нешто што експлодирало.
 
Брзата помош веднаш реагирала и го згрижила повредениот, кој се здобил со тешки повреди на долните екстремитети и е во критична состојба.
 
Местото на настанот во моментов го обезбедува полицијата.