Балкан
24. August 2017 - 16:24

Ужас во Србија, старец трпел силни болки - медицинската сестра насилно го ставила во такси

Вистински хорор се одвивал во Србија кога медицинска сестра ставила пациент во такси, а тој за жал починал поради лошата здравствена состојба.

Таксистот за српскиот Курир си ја отвара душата и кажува на што бил сведок и што преживеал.

- Медицинската сестра ме викна, го стави насилно човекот во автомобил и ми рече да возам. Не знам какво е тоа третирање на пациентите. Моррав да дадам гас до даска за да го однесам во Здравствениот дом, вели таксистот за Курир.рс.

Пациентот трпел тешки болки и на пат до Ургентен се онесвестил.

- Не престана да плаче и кука, беше страшно и жалосно, вели таксистот.

Во болница вели не можел да смета на ничија помош. Човекот бил жив кога го оставил во болница, а потоа му јавиле дека починал.