Свет
29. August 2016 - 14:00

Узбекистанскиот претседател на интензивна нега

Претседателот на Узбекистан, Ислам Каримов, кој во саботата преживеа излив на крв во мозокот, сега е на интензивна нега, наведуваат извори од кабинетот.

Неговата ќерка Лола Каримова на Твитер објави дека тој е во стабилна состојба.

Каримов (70) е лидер на Узбекистан уште од распадот на Советскиот Сојуз во 1991. Земјата својата 25-годишнина од независноста ќе ја прослави на 1 септември.