Македонија
14. August 2024 - 16:31

Увозниците се жалат - Опен Балкан не функционира

Место брз проток на стоки и услуги, целосен застој и со денови заглавени камиони на граничните премини меѓу Србија – Македонија. Увозниците се жалат,  Опен Балкан не функционира.  Секој извоз , кој вклучува ветеринарска инспекција од српска страна,  е тежок и сложен, документацијата која се бара е обемна, а рокот  на одобрување на процедурите -  долг.

За жал се одолговлекува целата постапка заради не кликање на едно копче во системот. Кога ќе се поднесе документот од српска стрна многу тешко,  или со задоцнување се одобрува процедурата од српска страна. Не знам кога е причината, но Опен Балкан требаше да го реши проблемот, а не да го усложнува, изјави Загорка Блажевска, увозник на суровини за прехранбена и фармацевска индустрија

Еден ден чекање на граничниот премин ги чини од 300 евра  нагоре.. Но до сега никој немал слух  да го реши проблемот

Дел од компаниите се кои работиме не трпат застој во производствениот процес, работатат 24/7. Вака губиме клиенти, губиме пари, но го губиме и реномето кое го градевме 20 години.  Барам одговорност од сооветни институции и олеснување на постапката меѓу нашите држави. Посебно бараме олеснување на процедурите од причина што оба се однесува на роба која е веќе претходно увезувана преку други гранични премини каде без проблем се одвиваат увозите.Опен балкан треба да ги олесни постапките за транзит на роба а не да ги докоплицира и усложнува, додава Блажевска

Првиот човек на Царинската Управа вети дека ќе бара решение , но побара и време.

Да дефинитивно има проблем. Нас во план ни е да имаме состанок не само со надлежните на граничните премини во Србија, туку и со надлежните во Албанија, Косово. Бугарија. Но овој менаџмен е само еден месец, верувам дека таа средба ќе се случи наскои, изјави Бобан Николовски, директор на Царинска управа

Инаку целта на Опен Балкан  е слободен  проток на стоки , услуги  и работна сила  меѓу  Србија., Македонија и Албанија , вклучувајќи и пократко време на задржување на камионите на граничните премини.