Увид во изградбата на патот Ново Село – Маврово – Жировница – Дебар
Директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов денеска изврши увид во изградбата на регионалниот патен правец Ново Село – Маврово – Жировница – Дебар.
Во тек е реконструкција на првата делница од овој патен правец од Ново Село до Маврово во должина од 11,7 километри и инвестицијата од 2,55 милиони евра. До сега се асфалтирани 6.3 километри и е поставена патна сигнализација. Дополнително се работи и на останатиот дел од делницата, а до сега се завршени 60 отсто од вкупно градежните работи.
- Заедно со мојот стручен тим извршив увид во изградбата на регионалниот патен правец Ново Село – Маврово – Жировница – Дебар. Овој пат е еден до поголемите проекти што ги реализираме во овој дел на Македонија. Изградбата се одвива согласно утврдената динамика, очекуваме според договорот овој патен правец да биде завршен во втората половина на оваа година, изјави Стојанов.
Тој истакна дека покрај овој патен правец се работи и на втората делница од Бошков Мост до Дебар која е со должина од 8,25 километри, а инвестицијата за рехабилитацијата изнесува околу 2,5 милиони евра.
Вкупниот прогрес на оваа делница е 30 отсто и според утврдената динамика се очекува да биде готова до крајот на ноември.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација