Македонија
6. May 2016 - 15:00

Увид во изградбата на патот Ново Село – Маврово – Жировница – Дебар

Директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов денеска изврши увид во изградбата на регионалниот патен правец Ново Село – Маврово – Жировница – Дебар.

Во тек е реконструкција на првата делница од овој патен правец од Ново Село до Маврово во должина од 11,7 километри и инвестицијата од 2,55 милиони евра. До сега се асфалтирани 6.3 километри и е поставена патна сигнализација. Дополнително се работи и на останатиот дел од делницата, а до сега се завршени 60 отсто од вкупно градежните работи.

- Заедно со мојот стручен тим извршив увид во изградбата на регионалниот патен правец Ново Село – Маврово – Жировница – Дебар. Овој пат е еден до поголемите проекти што ги реализираме во овој дел на Македонија. Изградбата се одвива согласно утврдената динамика, очекуваме според договорот овој патен правец да биде завршен во втората половина на оваа година, изјави Стојанов.

Тој истакна дека покрај овој патен правец се работи и на втората делница од Бошков Мост до Дебар која е со должина од 8,25 километри, а инвестицијата за рехабилитацијата изнесува околу 2,5 милиони евра.

Вкупниот прогрес на оваа делница е 30 отсто и според утврдената динамика се очекува да биде готова до крајот на ноември.