Македонија
24. September 2020 - 15:41

Утврден идентитетот на учесниците во настанот во врска со видеото објавено на социјалните мрежи

 Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи веќе го утврди идентитетот на учесниците во настанот и презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што јавноста ќе биде соодветно информирана.

Ова се наведува во денешното соопштение од МВР во врска со видео материјалот што денеска беше објавен на социјалните мрежи, а на кое, како што стои, се гледа незаконито и непрофесионално постапување на полициски службеници.