Македонија
7. November 2016 - 8:22

Утрово регистриран земјотрес во Скопје

Земјотрес со магнитуда од два степена по Рихтеровата скала е регистриран рано утринава во 3 часот и 11 минути во Скопје.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот бил почувствуван во Скопје и околината со интензитет од три до четири степени по Европската макросеизмичка скала.

Епицентарот на земјотресот се наоѓа во источниот дел на Скопското епицентрално подрачје.