Утрово најстудено во Берово
Најстудено утрово е во Берово со седум степени под нулата. Како што информира УХМР, минусни температури утрово се измерени и во Струмица (-5), -4 во Скопје - Петровец, Тетово, Штип, Демир Капија и Велес, -3 во Скопје - Зајчев Рид, Прилеп и Кавадарци, -2 во Крива Паланка и -1 во Виница и Гевгелија.
Нула степени утрово се измерени во Битола и на Попова Шапка, 1 во Маврови Анови, Охрид и Крушево и 2 степена во Претор.
-Утрово е сончево, по котлините има појава на магла со намалена видливост до 50 метри во Тетово и Демир Капија, до 200 метри во Пелагонија, информира УХМР.
Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 10 до 16 степени.
-Во Скопје претпладне магливо, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне 12 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба