Утринава најмногу дожд во Битола
Најмногу дожд до 8 часот утринава наврнал во Битола околу 26 литри на метар квадратен, а најмалку во Струмица, Гевгелија, Берово и Пожар само еден литар на метар квадратен.
Според информацијата на Управата за хидрометеролошки работи, во Претор наврнале 20 литри на метар квадратен, во Лазарополе и Маврово 13, Прилеп и Крушево 11, Охрид 10, Тополчани, 9, Дебар и Ѓуриште 7, Пожаране и во Скопје - Петровец 6, Тетово и Демир Капија 5, Куманово 4, Штип 3, во Скопје на Зајчев Рид, Виница и Дојран 2.
До крајот на денот ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а облачноста делумно ќе се намалува. Попладне и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Максималната температура ќе се движи од 21 до 27 степени, а УВ индексот ќе биде 4.
Во Скопје ќе биде исто така облачно со повремен дожд со послаб интензитет, а околу пладне ќе има делумно разведрување. Попладне и во Скопската котлина ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а кон крајот на денот од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.
Ваквото променливо време ќе остане и во текот на утрешниот ден кога на места се очекува пороен дожд и локална појава на грмежи. Минималната температура ќе се движи од 10 до 17, а максималната од 22 до 28 степени. УВ ќе биде 5.
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари