-->
-->
Утре во Скопје стартува завршниот турнир во АБА 2 лигата
-->
Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром од 13 до 17 април во „Јане Сандански“ ќе биде домаќин на најдобрите осум екипи во АБА2-лигата на завршниот турнир, во обид да се врати во елитата.
Пласман во АБА1 ќе обезбеди шампионот, додека финалистот ќе игра бараж со претпоследниот тим во јадранската елита.
„Огромно е задоволството да се биде организатор на завршниот турнир од АБА2, кој е одлична можност нашиот МЗТ Скопје како и општина Аеродром да се покажат како добри домаќини. Овој турнир е од хуманитарна природа, средствата од продадените билети ќе бидат наменети за фондацијата ‘Марко Божиновски’ која потоа ќе ги пренамени на тие што им се потребни. Очекувам одлична спортска атмосфера и полни трибини. Благодарност за помошта на Град Скопје и АБА 2-лига, која ни ја довери организацијата. Како човек кој израснал со МЗТ Скопје најискрено се надевам на финале во недела и пласман на нашиот клуб во АБА 1“, изјави градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски.
Спортскиот директор на АБА2, Милија Војиновиќ, очекува квалитетна кошарка.
„Не погрешивме што му ја доделивме организација на МЗТ Скопје, кој е еден од нашите најредовни учесници во АБА 1 и АБА 2 лигата. МЗТ беше прв по регуларниот дел. Од утре почнува круната на сезона, ќе се знае кој ќе оди директно во АБА 1, а кој ќе игра бараж. Се одиграа 98 меча во регуларниот дел, а сега се се сведува на овие седум меча“, изјави Војновиќ.
Извршниот директор на МЗТ, Филип Ѓоревски, посакува наредните денови да бидат празник на кошарката.
„Сакам да ги поканам гледачите, во наредните четири дена да биде празник за кошарката. Со малку среќа, се надевам МЗТ Скопје ќе биде победник и сите ќе го прославиме враќањето на клубот во елитната АБА лига“, изјави Ѓоревски.
МЗТ Скопје во четвртфиналето ќе ги одмери силите против Сутјеска (18 часот). Останатите двојки се Широки Бријег – Спарс Сараево (21 часот), Хелиос – Златибор (15 часот) и Борац Бања Лука – Младост Земун (12 часот).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија
-
Милановиќ: Повеќе нема да жалам некого затоа што не може да влезе во ЕУ
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите
-
4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
-
Како се менуваше насилниот криминал во Македонија изминативе 15 години?
-
Седум повредени од трагедијата во Кочани се уште на болничко лекување во земјата и странство