Утре во Брисел нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
Во Брисел утре ќе се одржи нова рунда од дијалогот меѓу Србија и Косово, што се води со посредништво на ЕУ, на ниво на главни преговарачи, потврди денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.
– Можам да кажам дека на дневниот ред, како и во минатото, ќе биде потребата од започнување на итна имплементација на Договорот од Охрид, како и двете страни конечно да можат да се договорат за напредок во дијалогот, изјави Стано.
На прашање во каков формат ќе се одржат утрешните разговори, Стано рече дека ЕУ ќе ја задржи „вообичаената кореографија“ на одвоени средби со двете страни.
– Дали ќе има трилатерална средба, пред се зависи од желбата на двете страни да се сретнат во таков трилатерален формат, додаде Стано.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта