-->
-->
Утре стартува СП за клубови
-->
Стадионот во Јокохама во четврток ќе биде местото каде со натпреварот меѓу Хирошима и Оукленд ќе започне Светското фудбалско првенство за клубови. Ова натпреварување ќе се одржува од 10. до 20. декември, а на него ќе учествуваат седум екипи.
Покрај јапонскиот шампион Хирошима и најдобриот тим на Океанија, Оукленд, на Светското првенство за клубови ќе учествуваат европскиот и јужноамериканскиот првак Барселона и Ривер Плејт, односно најдобрите тимови на Северна и Средна Америка, Азија и Африка: мексиканска Америка, Гвангжу Евергранде и ТП Мазембе.
Турнирот ќе започне со мечот меѓу Хирошима и Оукленд (четврток 11:45 часот по средноевропско време), а победникот од овој натпревар во четвртфиналето на 13. декември ќе игра против ТП Мазембе, на стадионот во Осака. Истиот ден, на истиот стадион во второто четвртфинале ќе се сретнат Гвангжу Евергранде и Америка.
Победникот од натпреварот Хирошима/Оукленд-Мазембе, на 16. декември за противник во полуфиналето ќе го има Ривер Плејт, а ден подоцна во второто полуфинале Барселона ќе игра против победникот од натпреварот Гвангжу-Америка.
Финалето е закажано за 20. декември во Јокохама.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двајца пожарникари полесно повредени гаснејќи го пожарот над Битола
-
ЦУК: Разгорен пожарот во реонот Селце - Драгоево, пожарникарите повлечени зашто се слуша пукање на муниција
-
МЗ: Отворен телефонски број за директна комуникација со министерот
-
Тошковски: Пристигнуваат „ер трактори“ и хеликоптери од Турција, Словенија, Србија и Црна Гора
-
Хоспитализирани уште осум лица со голема кашлица, вкупно 905 заболени
-
Поставен камен темелник за изградба на спортска сала во Лескоец
-
Помалку часови наплата на зонско паркирање во Тетово
-
Превентивно-едукативна кампања за заштита од топлотен удар на „Ќафасан“