Loading Video...
Спорт плус
2. October 2021 - 18:45

Утре се трча 17. скопски маратон

Утре низ улиците на Скопје се трча 17. Традиционален скопски маратон на кој се очекува да настапат повеќе од 1600 учесници колку имаше на ланскиот маратон. 

Македонија ќе ја претставуваат 24 претставници од кои 16 во машка и 8 во женска конкуренција. Најмногу се очекува од Адријана Поп Арсова и Дарио Ивановски кои се рекордери во сите дисциплини на долги патеки и затоа од нив се очекуваат нови рекорди. 

Особено со внимание се очекува настапот на Дарио Ивановски кој најави дека ќе биде првиот Македонец што ја истрчал маратонската патека по 2 часа и 20 минути. 

Во сите категории се очекува да се појаваат повеќе од 7000 учесници а обезбедени се и парични награди. За победниците по 1.200 евра, плус дополнителни 800 евра за времиња под 2:18,59 часа за мажи, односно 2:46,59 часа за жени. Најдобрите македонски маратонц(к)и ќе бидат наградени со по 350 евра, плус со по 250 евра вредносни ваучери од „Визер“.

Рекордот на Скопскиот маратон во машка конкуренција, на Кениецот Кируи Кипротич, од 2016 година, изнесува 2:12,36 часа, а во женска конкуренција, на неговата сонародничка Стела Барсосио од 2017 година, 2:33,42 часа.