Утре прскање против комарци во општина Кочани
Во повеќе населени места во општина Кочани за утре во периодот од 4 до 8 часот изутрина ќе се изврши второ прскање против комарци.
Запрашувањето ќе се врши од воздух со авиотретирање во кое ќе биде употребен широкопојасен инсектицид.
За оваа намена општината склучила договор со компанијата „Бони ер“ од Куманово. Со авионското третирање против комарците ќе биде опфатена површина од 3.400 хекатри во централното градско подрачје и приградските населбии дел од населените места во полскиот дел од општината.
Од општина Кочани апелираат до сите сопственици на пчелни семејства истите да ги заштитат во временскиот период на третирањето на површините од комарци.
Инаку до крајот на август општината ќе спроведе уште три акции за уништување на комарците од земја и воздух, од кои две од земја и една со авио третирање. За оваа намена општина Кочани од сопствениот буџет обезбеди 1 милион и 542 илјади денари, што е за околу 200 илјади денари повеќе од минатата година.
Ново на Сител
-
Молебен за Кочани во црквата св.Архангел Михаил во Неиве Италија
-
Папата Франциск отпуштен од болница и се појави во јавноста прв пат по пет недели
-
Трамп: Никој не може да го спречи Путин освен мене
-
Вонредни инспекциски контроли во сите објекти од јавен карактер низ државата
-
Митева: Контролите ќе бидат етапни и долгорочни, надлежните институции континуирано ќе работат
-
Настов: На шест пациенти им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници
-
Ограбен апартманот на пензионер кој живеел во старски дом
-
Четири малолетни другарки биле полово нападнати на плоштад во Прилеп