Бизнис
13. August 2020 - 16:35

Утре повторно протести против поскапувањето на струјата

Регулаторната комисија за енергетика нема моќ да ја повлече одлуката за поскапувањето на  струјата ако на тоа не се сложат енергетските компании, тврди првиот човек на РКЕ Бислимовски. Вели дека една од главните причини за зголемувањето  е тоа што ЕСМ поради кризата со вирусот не успеа да ги продаде вишоците на електрична енергија на слободниот пазар поради што компанијата има намалени приходи. Но од РКЕ уверуваат во првиот момент кога ќе се забележи подобрување во работењето на компаниите, ќе побараат промена во цената.  

За новата повисока цена запознаена е и Европската енергетска заедница. Од таму препорачуваат освен на социјалните случаи и на сите други домаќинства кои се погодени од пандемијата да им бидат поркиени дел од трошоците за струја.

Во меѓувреме не стивнуваат реакциите во јавноста. За утре се закажни и нови протести во повеќе градавои, Скопје, Тетово, Куманово, Кичево, Дебар.

Струјата поскапе за 7, 4 порценти. Новата повисока цена граѓаните ќе ја платат во сметките за август кои ќе им се достават во септември.

До крајот на месецов ќе се донесе одлука и за нова цена на парното. Според информациите таа би требало да се намали. Но тоа ќе се знае откако регулаторот ќе ги разгледа забелешките кои ги доставил БЕГ.