Утре почнува полагањето државна матура
Од утре до 14 јуни ќе се реализираат екстерните испити од државната матура во јунската испитна сесија во 2017 година, за која се пријавени вкупно 16426 кандидати.
Полагањето на државната матура ќе почне утре во 10 часот со тестот по мајчин јазик и литература. Според податоците на Државниот испитен центар, пријавени се 10632 матуранти за македонски јазик, 5120 за албански јазик и 418 за турски јазик.
На 10 јуни е полагањето странски јазик. Како и во минатите години, најголем број (15201) се пријавени за англиски јазик, за француски јазик 108, за германски 197 и за руски јазик 26 кандидати.
Тестирањето по предметот математика е на 12 јуни, а пријавени се 2070 матуранти.
Последниот екстерен испит од државната матура ќе се полага на 14 јуни - за тест по биологија се пријавени 3445, за хемија 282, за физика 119, за историја 2900 кандидати, за бизнис 4298, филозофија 3684 и за естетика 193 кандидати.
Според видот на образование, 8274 од вкупниот број пријавени матуранти се од гимназиско образование, 7881 од средно стручно и 271 кандидат од средно уметничко образование.
Првичните резултати од тестовите треба да бидат објавени најдоцна до 14 јули, односно еден месец по последниот екстерен испит (14 јуни).
Ново на Сител
-
Шест лица загинаа при пад на авион за превоз на пациенти во Филаделфија, меѓу патниците имало девојче
-
Почувствуван земјотрес во Скопје
-
Сончево со локална облачност
-
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
-
Уапсен 23-годишник од Дебар, управувал со возило без возачка дозвола и бил под дејство на алкохол
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар
-
Тригодишно дете заболено со голема кашлица
-
Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници