Македонија
5. August 2016 - 17:03

Утре не очекува пеколно време во Македонија

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта во западните делови со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ-индексот ќе изнесува .

Температурата ќе се движи од 27 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта во западните делови со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

Температурата ќе достигне до 37 степени.

Од утре попладне до понеделник ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови. Поизразена нестабилност се очекува во недела. Во вторник се уште ќе има услови за слаб локален дожд, а извесно стабилизирање на времето ќе има од среда. Од недела се очекува пад на температурата на воздухот.