Утре извештај на ЕК за напредокот на Македонија
Европската комисија денеска ги прави последните проверки на текстовите од Извештаите на напредок за земјите од Западниот Балкан. Овие редовни извештаи на европската администрација за напредокот на земјите од регионот во исполнување на европските агенди пред јавноста ќе биде презентиран во текот на утрешниот ден.
Како што дознава Нова, во овој прв извештај по одобрување на условениот старт за преговори, генералната оценка е подобра од минатогодишната, пред сѐ, поради усогласеноста на надворешната и безбедносната политика со онаа на ЕУ што официјално Скопје јасно ја демонстрираше со поддршката за Украина и спроведувањето на санкциите кон Русија. Во извештајот позитивно се оценети напорите на Владата да го одржи ресорскиот курс на државата и патот кон членство во ЕУ. Во извештајот се препорачува земјата да продолжи по истиот пат со засилена динамика. Во однос на спроведувањето од обврските во европската агенда, Брисел упатува и апел за конструктивност до опозицијата, како и за потврдување на декларираниот политички консензус за членство во ЕУ преку потребните промени во Уставот, кои се услов за старт на преговори по започнатиот скрининг процес кој ќе трае до средината на наредната година.
Оценките на извештајот во повеќе области се идентични како и во оној од минатата година. Во клучните области како што се реформите во судството и борбата против корупцијата ЕК констатира умерен напредок и повикува на имплементација на законите неопходна за ефикасна борба против корупцијата и зголемувањето на ефикасноста на правосудниот систем.
Во пакетот извештаи за напредок кој ќе биде презентиран утре во Брисел најкритичен се очекува да биде оној за Србија поради односите на Белград со Москва и неусогласеноста на Србија со заедничката надворешна и безбедносна политика на Србија со онаа на ЕУ.
-Низа акции и изјави на Србија беа во спротивност со надворешно-политичката позиција на ЕУ. Од Србија како приоритет се очекува да ги исполни своите обврски и постепено да се усогласува со рестриктивните мерки на ЕУ во согласност со преговарачката рамка на Србија, се нагласува во документот во кој увид имала редакцијата на Радио Слободна Европа.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Ниту сум имала намера, ниту ќе употребам вето за да навредам некој јазик
-
Зеленски: Русија загуби 38.000 војници во Курската област
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Мицкоски: Нека Божик ни даде нова сила да работиме заедно и да создаваме големи дела за доброто на сите граѓани
-
Бајден забрани нови дупчења на наоѓалишта на нафта и гас во близина на атлантското и тихоокеанското крајбрежје на САД
-
Божиќна ѕвезда – украс за новогодишните и божиќните празници
-
Почувствуван земјотрес во Македонија
-
Тибет: Над 50 загинати и десетици повредени во силен земјотрес на Хималаите