Македонија
2. December 2022 - 15:18

Утре изменет сообраќаен режим на улица „Даме Груев“ во Скопје

ЈП Улици и патишта Скопје известува дека утре, од 8.00 часот, негови екипи ќе продолжат со активностите за реконструкција на коловозната површина на улицата „Даме Груев“ и машински ќе го гребат оштетениот асфалт на потегот од раскрсница со улица „Македонија“ до улицата „11 Октомври“.

-Поради изведба на градежните активности на овој потег, па се до завршувањето ќе биде затворена едната коловозна лента и обележана со соодветна сигнализација, информираат од – ЈП Улици и патишта Скопје.