Македонија
15. December 2020 - 9:25

Утре без струја делови од Аеродром, Карпош, Центар и Студеничани

Без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Аеродром, Карпош, Центар и Студеничани заради технички зафати во дистрибутивната мрежа.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, по претходно известување од ЕВН, од 8:30 до 13:30 часот без струја ќе останат улиците „Лисец“ и „Горноврановска“ во Општина Аеродром. Улицата „Скупи“ број 5-а во Општина Карпош ќе биде без струја од 9 до 10:30 часот.

Од 9 до 11 часот без електрична енергија ќе биде улицата „Наум Наумовси Борче“ број 68 и број 70 во Општина Центар, а од 9 до 12:30 часот дел од корисниците од селото Долно Количани, поточно на влезот од селото под џамијата, во Општина Студеничани.