Усвоен Буџетот на Општина Аеродром за 2016 година
Буџетот на Општина Аеродром за наредната година изнесува 17 милиони евра. За реализација на проекти се планирани 6 милиони. Буџетот беше усвоен на вчерашната седница на Советот на Општината.
Меѓу покрупните проекти опфатени во Буџетот за реализација во 2016 година се изградба на две нови детски градинки, од кои едната во Горно Лисиче, а другата во Аеродром, поточно во населбата Јане Сандански.
Буџетот предвидува, исто така, целосна изградба на улицата „Руди Чајавец“ во Стар Аеродром, изградба на нова улица во Реонски центар „Аеродром“, изградба на две нови улици во Мичурин и тоа „Анастас Митрев 1“ и „Венијамин Мачуковски 3“, целосна реконструкција на улицата „Ѓорѓи Капчев“ во Горно Лисиче, како и реконструкција на три моста на Усјанскиот канал.
Буџетот за 2016 предвидува и довршување и пуштање во употреба на новиот парк покрај кејот на реката Вардар во близина на Фудбалската федерација на Македонија и многу други проекти, со кои ќе се подобрат условите за живот на граѓаните во општината.
Ново на Сител
-
Демири не кажа дали договорците на Токсикологија се стручни туку му било жал што работеле без пари
-
Анализа на македонски експерти: Кои се мотивите за атентатот врз словачкиот премиер?
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство