Уставниот суд поведе постапка за Законот за просторно и урбанистичко планирање
Уставниот суд на денешната седница поведе постапка по иницијативата за оценување на уставноста на член 50 од Законот за просторно и урбанистичко планирање во целост, а особено ставот 2 во делот: „посебен интерес“. Оваа законска одредба дозволува со урбанистичко-планска документација да се градат објекти кои Владата со одлука ќе ги утврди дека се од посебен интерес.
Подносители на иницијативата се неколку невладини организации и граѓани, кои сметаат дека со овој член од Законот се нарушува принципот на поделба на власта и владеење на правото. Според нив, со оваа одредба и се дава можност на Владата без јасно определени критериуми да определува градби од посебен интерес.
Судиите одлуката за поведување постапка ја донесоа со мнозинство број на гласови.
На седницата меѓу судиите се постави дилемата зошто во Законот никаде не се дефинира што е „посебен интерес“ и нема јасни критериуми на кој начин се определува. Оттука на Владата и се одврзани рацете се што смета да опредили дека е посебен интерес. Од друга страна пак, некои од судиите сметаат дека Владата има дискреционо право да определи кои објекти се од посебен интерес и во рамки на планираниот простор со планови донесени од општините ја поминале комплетната постапка за нивно донесување согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање.
На денешната седница не беше поведена постапка по иницијативата поднесена на член 153, став 6 во делот „во висина од 50 отсто од наградата и трошоците за преземање на соодветно правно дејство пропишани со Нотарската тарифа“ и член 182 став 2 од Законот за нотаријатот.
Ново на Сител
-
Директорот Бурим Љатифи го пушти во работа новиот трансформатор во ТС Битола 2: Клучен чекор за енергетска стабилност
-
Трудо поднесе оставка како лидер на партијата, но ќе остане премиер додека партијата не избере негов наследник
-
Откажани 1.339 летови низ САД поради невремето кое донесе обилен снег
-
ЗНМ: Запалено возило на новинарка
-
Сиљановска-Давкова: Божиќ е симбол на животот, љубовта, почитта и солидарноста
-
Опожарени четири автомобили во пожар во автосервис во Сарај
-
Малолетник завршил со повреди, откако со другар влегле во двор во скопско Студеничани и одврзале куче кое ги нападнало
-
Честитка од Минчев по повод Бадник: Солидарноста и поддршката се темел на нашето општество