Уставниот суд поведе постапка за осум акти на општини
По одржаната 7. седница на Уставниот суд одлучено е следното:
1. Реферат У.бр.147/2021
Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста на член 20 став 2, член 23 став 3 и член 24 став 1 точки 4 и 5 од Правилникот за облиците на континуирано стручно усовршување, критериумите за распоредување на облиците, критериумите за избор на спроведувачите на облиците на континуирано стручно усовршување и бодовите на континуирано стручно усовршување за обновување на лиценцата за работа за здравствените работници со високо образование од областа на стоматологијата.
Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста на Одлуката за критериуми при избор на спроведувачи на континуирано стручно усовршување, донесена од Комисијата за стручни стоматолшки прашања на Стоматолошката комора на Македонија бр.17-234/3 од 19.02.2021 година и за Јавниот повик за избор на спроведувачите на континуирано стручно усовршување за период 2021-2025 година распишан од Комисијата за стручни стоматолошки прашања на Стоматолошката комора на Македонија бр.17-271/1 од 19.02.2021 година.
Воедно, Уставниот суд одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на оспорените акти.
Подносител на иницијативата: Здружение на приватни стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина, од Кавадарци
2. Реферат У.бр.100/2022
Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста на член 35 став 1 во деловите „во рок од десет години” и „шест години” и став 2 од Законот за експропријација.
Подносител на иницијативата: Славко Лазоски
3. Реферат У.бр.130/2022
Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста на член 2 став 1 во делот „закони“ од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија.
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
4. Реферат У.бр.75/2023
Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста на член 133 став 1 во делот „од кои четири члена од редот на членовите на Комората и на предлог на директорот на Агенцијата три члена од редот на вработените во Агенцијата“ од Законот за катастар на недвижности.
Подносител на иницијативата: Комора на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи на Република Северна Македонија, преку адвокат Бобан Богдановски од Скопје
5. Реферат У.бр.52/2022
Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за Градска четврт З 05 помеѓу бул.„Илинден“, бул.„8-ми Септември“, бул.„Партизански одреди“ и ул.„Љубљанска“-Општина Карпош-Скопје бр. 07-7546/4 од 06.11.2013 („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.12/2013) донесена од Советот на Општина Карпош
Подносител на иницијативата: Даниел Георгиевски
Судот поведе постапка по осум акти по претходна сопствена иницијатива. Според Судот, општините немаат законско овластување за да предвидат автентично толкување на прописите коишто ги донесувааат. Станува збор за:
6. Реферат У.бр.14/2024
Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на насловот на поглавјето 7.„Автентично толкување на општи акти” и членовите 189, 190, 191 и 192 од Деловникот на Советот на Општина Карбинци („Службен гласник на Општина Карбинци“ бр.05/2012) и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбите од оспорениот акт.
Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.
7. Реферат У.бр.15/2024
Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 24 алинеја 4, член 105, член 106, член 107 и член 108 од Деловникот на Советот на Општина Тетово бр.07-1243/4 од 27.09.2005 година („Службен гласник на Општина Тетово“ бр.5/2005) и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбите од оспорениот акт.
Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.
8. Реферат У.бр.18/2024
Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Гази Баба бр.07-2502/2 од 13.06.2006 година („Службен гласник на Општина Гази Баба” бр.4/2006 и 12/2013) и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбите од оспорениот акт.
Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.
9. Реферат У.бр.26/2024
Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на насловот на поглавјето „9.Автентично толкување на општи акти” и членовите 106, 107, 108 и 109 од Деловникот на Општина Македонска Каменица („Службен гласник на Општина Македонска Каменица“ бр.9/2006 и 38/2020) и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбите од оспорениот акт.
Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.
10. Реферат У.бр.49/2024
Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 25 алинеја 5, точка 9.„Автентично толкување на општ акт“ и членовите 100, 101 и 102 содржани во поглавјето VIII. „Постапка за донесување на општите акти“ од Деловникот на Советот на Општинa Македонски Брод („Службен гласник на Општина Македонски Брод“ бр.1/2005 и 5/2019) и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбите од оспорениот акт.
Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.
11. Реферат У.бр.57/2024
Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 16 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Старо Нагоричане („Службен гласник на Општина Старо Нагоричане“ бр.10/2023) и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбите од оспорениот акт.
Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.
12. Реферат У.бр.66/2024
Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 43 алинеја 3 од Деловникот на Општина Валандово („Службен гласник на Општина Валандово“ бр.7/2013, 6/2019 и 10/2020) и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбите од оспорениот акт.
Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.
13. Реферат У.бр.70/2024
Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на насловот на поглавјето 8.„Автентично толкување на прописи” и членовите 97, 98 и 99 од Деловникот за работа на Советот на Општина Штип („Службен гласник на Општина Штип“ бр.07/2005 и 08/2020) и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбите од оспорениот акт.
Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.
14. У.бр.39/2023
Уставниот суд ја укина Одлуката 25-2146/12 од 12.06.2020 година на Советот на Општина Велес со која е донесен Детален урбанистички план за дел од УБ 32 во УЕ IV и за дел од УБ 47 во УЕ IX, КО Велес – Општина Велес објавена во „Службен гласник на Општина Велес“ бр.8/2020.
Подносители на иницијативата: Адриана Хаџи Наумов и други граѓани
15. У.бр.153/2023
Уставниот суд го укина Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот и методологијата за утврдување референтни цени на лекови („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77/2023), донесен од Фондот за здравстено осигурување на Република Северна Македонија.
Подносител на иницијативата: Кренар Лога
Уставен суд на Република Северна Македонија
Ново на Сител
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари
-
Претходното раководство на Пошта од централниот објект сакало да направи кабаре