Уставниот суд на Боливија ја призна сенаторката Жанин Анес за претседател на земјата
Уставниот суд на Боливија го призна решението вториот потпретседател на Сенатот, опозициската сенаторка Жанин Анес да ја преземе функцијата привремен претседател на земјата.
Таа синоќа во Сенатот се прогласи за преоден претседател на Боливија, и покрај немањето кворум во текот на гласањето за нејзин избор, бидејќи сенаторите на левичарската партија на поранешниот претседател Ево Моралес го бојкотираа гласањето, пренесоа британските медиуми.
Моралес вчераутро ја напушти земјата и замина за Мексико каде побара и веднаш му беше одобрен азил.
Моралес, како и првиот потпретседател на Боливија, пред два дена поднесоа оставки соочени со притисокот од антивладините протести заради обвинувањата за измама на претседателските избори од 20 октомври, на кои Моралес однесе убедлива победа и се прогласи за старо-нов претседател уште по првиот круг од гласањето.
По слетувањето на аеродромот во Мексико Моралес изјави дека не се откажува од политичката борба.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација