Уставниот суд на Австрија ги поништи претседателските избори
Уставниот суд на Австрија денеска го поништи вториот круг од изборите за австриски претседател, што се одржа на 22 мај, поради нерегуларности, јави Би-Би-Си.
Претседателот на Уставниот суд, Герхард Холцингер изјави дека вториот круг од изборите се поништува на територијата на целата земја, додавајќи дека деталите за причините за ваквата одлука ќе бидат дополнително образложени.
Холцингер нагласи дека датумот на кој повторно ќе се соочат двајцата претседателски кандидати, независниот екологист Александер Ван дер Белен и Норберт Хофер од екстремно десничарската Слободарска партија на Австрија, ќе биде утврден дополнително.
Одлуката за поништување на изборите е донесена врз основа на тужбата на Слободарската партија на Австрија, чиј кандидат Хофер загуби со тесно мнозинство на гласањето на 22 мај.
Според Би-Би-Си, се очекува новото гласање да се одржи во септември или октомври.
Доколу победи на повторените избори, Хофер ќе стане првиот екстремен десничар избран за претседател на една земја членка на ЕУ.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање во вршење на службата
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава
-
Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра
-
Намалени производството и продажбата на шумски производи
-
Тинејџерка со автомобил излетала од патот, тешко повредена сопатничката
-
За 216,2 отсто зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Закани кон претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска, пријавено во МВР