Уставниот суд ја разгледува одлуката за распуштање на Собранието
Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија денеска се најде пред Уставните судии, но врз основа на дискусиите на судиите, како и поради значењето на предметот седницата ќе продолжи во наредните денови, информираат од Уставниот суд.
– Уставниот суд на Република Северна Македонија, денеска одржа седница на која единствена точка на дневниот ред беше разгледувањето на иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.43/2020). Врз основа на дискусиите на судиите, како и поради значењето на предметот, се зазеде став седницата да продолжи во наредните денови за што јавноста ќе биде известена навреме, стои во соопштението од Уставниот суд.
Од Уставниот суд информираат дека и во услови на вонредна состојба продолжува да ги извршува своите уставни надлежности и ја следи и анализира состојбата со донесувањето на уредбите со законска сила од страна на Владата на Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи
-
Состојба на патишта
-
Македонија води на полувреме против Словенија
-
Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров
-
Челси не сака да го задржи Санчо
-
Стани мастер на својот ум | Кристина Дескоски | Личен развој | Sitel Podcast 085
-
Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала