Уставниот суд донесе времена мерка во изводите на родени, венчани и умрени да не се впишува националност
Уставниот суд одлучи да поведе постапка по делови од три члена од Законот за матична евиденција во кој е содржан зборот националност, во изводите за родени, за венчани и за умрени лица. Судот, исто така, донел времена мерка и од денеска, па се додека не се донесе конечна одлука службите не смеат од граѓаните да бараат податоци за впишување на националност во изводите за родени, венчани и умрени лица.
-Судот денеска изрази сомнеж во уставноста во членот 4 став 1 точка 2 во делот националност, членот 11 став 1 точка 1 во делот националност и во членот 13 став 1 точка 1, во делот националност. Во следниот период Уставниот суд ќе оценува дали е уставно покрај наведени лични податоци како што се името, презимето, податоците за раѓање и живеалиште граѓаните да ја наведуваат и својата национост во матичните книги за родените, за венчаните и за умрените лица, изјави портпаролката на Уставниот суд Христина Беловска.
Според Судот, посочува таа, припадноста кон одредена нација е приватно и внатрешно чувство на секој поединец и е негово право да одлучи дали ќе биде припадник на одредена нација, дали ќе се изјасни за сопствената националност, но и да се повика на правото да не се изјаснува по ова. Токму поради тоа е поведена постапката.
-Уставниот суд смета дека овие оспорени одредби не се во согласност со неколку членови на од Уставот односно владеењето на правото опфатени во членот 8 Алинеја 3, во членот 18 кој ја гарантира тајноста на личните податоци. Од денеска па се додека судот не ја донесе конечната одлука не смеат од граѓаните да се бараат вакви податоци за впишување на националност во изводите за родени, венчани и умрени лица, со оглед на тоа дека е донесена т.н. времена мерка, рече Беловска.
Иницијативата е поднесена на 3 јуни 2023 година од партијата Левица. Уставниот суд, претходно одлучувајќи по сопствена иницијатива, донесе одлука да се поништи Упатството за водење на матични книги.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка во скопски Карпош, три лица повредени
-
Стефковски: Водовод и канализација и Град Скопје да обезбедат вода за Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто
-
Претреси во Скопје, две лица лишени од слобода, запленета дрога и оружје
-
Ставени под контрола пожарите кај Измир
-
УХМР: Многу топло до вторник, потоа значителен пад на дневната температура
-
Просечната откупна цена на зелката 43 денари за килограм, на доматот 45
-
МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство - „Жолто копче“
-
Се постапува за утврдување случаи со дивоградби, вели Тошковски