Уставен суд треба да донесе конечна одлука за земјоделските субвенции
Уставниот суд на денешната седница треба да донесе конечна одлука за оспорените одредби од Изборниот законик и од Законот за спречување на корупцијата, во врска со исплатата на земјоделските субвенции.
Минатата недела Судот поведе постапка за оценување на уставноста, односно донесе времена мерка за запирање од извршување на оспорените одредби со кои се забрануваше исплатата на земјоделските субвениции до формирањето на новата влада. Оваа мерка важи до конечното одлучување на Судот.
Иницијативата до Уставниот суд беше поднесена од земјоделското здржение „Агротиквешија“ со која се бараше оспорување на членот од Изборниот законик, според кој е забранета исплата на субвенции до формирање нова влада.
Иницијаторите бараат оценка на уставноста и законитоста на член 8-а став 1 во делот: „и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите“ и алинеја 1; став 2 во делот: „и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите“ и алинеја 1; став 3 во делот: „и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите“ од Изборниот законик и член 11 став 1, ставови 2 и 3 во деловите: „и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите“ од Законот за спречување на корупцијата.
И покрај врмената мерка, согласно деловникот на Уставниот суд, Министерството за финансии се уште нема законско право да ги исплаќа субвенциите до носење на конечна одлука од страна на Судот.
Од Министерството за финансии информираа дека по извршена консултација со Уставен суд им било посочено дека само по основ на решение немаат законска основа да ги исплаќаат субвенциите, туку мора да се почека конечната одлука.
По официјално објавување на конечната одлука на Уставниот суд, од Министерството велат дека нема да има законски пречки и ќе пристапат на исплата на субвенциите.
Ново на Сител
-
Антикорупциска ќе пресече дали Собранието да ѝ избере претседател пред изборите
-
Тема на денот со членови на Здружението „Карпалак“
-
Психијатар тврди дека Раде Трајковски – Штекли има шизофренија и не треба да му се суди
-
Од стартот на летото над 2000 сообраќајки на македонските патишта, 22 со фатални последици
-
Трите големи банки ги намалуваат надоместоците за граѓаните и компаниите, вели Славески
-
Како ќе влијаат царините на Трамп врз македонската економија?
-
Паркингот на Клинички ќе има нов ценовник – Пациентите ќе плаќаат повеќе од сега, но помалку од вработените!
-
Ќе се стави ли клуч на врата на 13 сеизмолошки станици во државата?