Уставен суд: Кацарска со онлајн учество на 5. Конгрес на Светската конференција за уставна правда
– Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска онлајн ќе учествува на Петтиот конгрес на Светската конференција за уставна правда, што се одржува од 4 до 7 октомври во Бали, Индонезија.
– Со оглед на економската ситуација во Република Северна Македонија и мерките за штедење кои ги спроведува Судот, претседателката Добрила Кацарска одлучи во оваа прилика да не патува делегација на Уставниот суд поради трошоците кои изнесуваат околу 14 илјади евра и присуството на Конгресот во Бали се замени со онлајн учество, соопштија денеска од уставиот суд.
Централна тема на Конгресот е „Ограничување на улогата на уставните судови во одржувањето на мирот”. На сесиите кои се одржуваат се дискутира посебно за следните прашања: „Основни принципи: заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото како предуслов за мир“; „Апликации до уставните судови”; „Независноста на уставните судови (преглед)“; и „Базата на податоци на Венецијанската комисија”.
Во соопштението од Уставиот суд се наведува дека Светската конференција за уставна правда обединува 119 уставни судови и совети и врховни судови во Африка, Америка, Азија, Австралија/Океанија и Европа. Ја промовира уставната правда како уставна ревизија, вклучувајќи ја и судската пракса за човекови права – како клучен елемент за демократијата, заштитата на човековите права и владеењето на правото.
Ново на Сител
-
Утрово измерени 3 степени во Берово, Лазарополе, Попова Шапка и 10 во Штип и Демир Капија
-
Турскиот суд му одреди притвор на градоначалникот на Истанбул
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
-
Без возачка дозвола возел над 100км/час, кривична пријава за скопјанец
-
Демонстрации поради одлуката на Нетанјаху да го отпушти шефот за внатрешна безбедност на Израел
-
Две лица загинаа во Киев и едно во руската област Ростов во воздушни напади
-
Српските власти со најава - денеска иницијативен состанок на движење за народ и држава
-
Променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено попладне