Успешно лансирана американската ракета „Фалкон 9“
Од базата на американското Воено воздухопловство „Ванденберг“ во Калифорнија синоќа беше лансирана ракетата „Фалкон 9“, која во земјината орбита понесе неколку телекомуникациски сателити, јави ДПА.
Лансирањето на ракетата претставува симболично враќање во Вселената на компанијата „Спејс Икс“, при чиј претходен обид за лансирање, лани во септември, дојде до експлозија на ракетата-носач.
Вчерашното лансирање, првично беше планирано за минатиот викенд, но беше одложено поради лошите временски услови.
Со „Фалкон 9“ во земјината орбита беа однесени 10 сателити на компанијата „Иридиум Комуникајшанс“.
Околу девет минути по лансирањето, првиот степен на двостепената ракета сопственост на „Спејс Икс“, успешно се одвои од „Фалкон 9“ и се приземји на платформа во Тихиот Океан, јужно од базата „Ванденберг“.
Компанијата „Спејс Икс“ е формирана во 2002 година од страна на извршниот директор на „Тесла Моторс“, Елон Маск.
Ново на Сител
-
Пожар во стан во Прилеп
-
Приведени пет скопјани и кумановец откако кај нив била пронајдена дрога
-
На ГП „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 20 минути
-
25-годишник возел со 2.04 промили алкохол во крвта и удрил во паркирано возило
-
Како се избира нов папа и што всушност е конклава?
-
Лидерите на институциите на ЕУ изрази жалење за смртта на папата Франциск
-
Папата Франциск сакаше поедноставена процедура за погреб
-
Примирјето заврши, експлозии во неколку градови во Украина