Македонија
5. October 2021 - 16:49

Усогласена Декларацијата на ЕУ за Западен Балкан - утре средба Макрон, Заев и Радев

По маратонските преговори ЕУ конечно ја усвои нацрт декларацијата за Западен Балкан која утре ќе се најде на Самитот во Словенија посветен на регионот. Во документот се дава поддршка процесот на проширување да продолжи , но со дополнување дека тој ќе зависи и од внатрешниот капацитет на Унијата за примање нови членки.  На ваквото дополнување инсистирала Франција, која со ваквата клаузула може да  го блокира приемот на нови членки доколку ЕУ не се реформира одвнатре.

Проширувањето во текстот е условени и со ригорозни услови и реформи кои ќе се утврдуваат по мериторен систем.  Во текстот се нагласува и важноста од почитување на добрососедските односи, исполнување на договорите на Македонија со Грција и Бугарија, како и изнаоѓање на решенија за сите други билатерални спорови во регионот наследени од минатото.

Дел од документот е посветен на економскиот и инвестициски план во кој се нагласува дека Унијата за Западен Балкан предвидува во следниве седум години 30 милијарди евра, од кои девет се неповратни средства а 20 ќе бидат искористени за обнова на регионот.

Во рамките на Самитот  ќе се направат и напори и за решавање на бугарската блокада за македонските интеграции. Германската канцеларка Меркел лично се погрижи да организира состанок на кој ќе учествуваат премиерот Заев, бугарскиот престедател Радев, и францускиот престедател Макрон. Претходно ќе се одржи 4 латералната средба, со пресетдателот Радев, словенечкиот премиер Јанез Јанша и еврокомесарот Оливер Вархеи. Сепак, премиерот Заев вели дека не очекува многу од Самитот.

Во пресрет на Самитот во Словенија, американскиот претседател Џо Бајден во разговор со шефицата на ЕК Урсула вон дер Лајен упатил силна поддршка за пристапување на земјите од Западен Балкан во ЕУ.