Уште тројца повредени од пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш
Уште тројца пациенти повредени во пожарот што се случи на 16 март во Кочани, се пренесени од Универзитетскиот клинички центар на Србија во Универзитетскиот клинички центар Ниш, јави МИА од Белград.
Двајца мажи и една жена се префрлени од УКЦС во УКЦ Ниш и лекувањето ќе го продолжат на Одделот на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.
„Шест повредени во тој трагичен настан во моментов се хоспитализирани во Клиничкиот центар Ниш. Четворица мажи и една жена се на одделението на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, додека еден пациент се уште е на одделението за Интензивна нега на Клиниката за анестезија и интензивна терапија“, соопштија од Клиничкиот центар во Ниш.
Сите оперативни мерки и напори на медицинскиот персонал се насочени кон опоравување на повредените.
Ново на Сител
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
Кои производи ќе бидат дел од просечната потрошувачка кошничка?
-
Вистинските пчелари во акција против фалсификаторите на мед
-
Охридското езеро во еколошка криза
-
Преглед на вестите од светот