Македонија
28. November 2018 - 17:49

Уште една сообраќајка на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип

На булеварот „Гоце Делчев“ во Штип попладнево  се случи сообраќајна несреќа во која учествувале автобус што превезувал  работници од една штипска фирма  и два автомобила.

Несреќата се случила околу 15.05 часот. Според првичните информации од портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, на повреда се пожалил возачот на автобусот, кој со Итна медицинска помош е пренесн во штипската болница.

Полицијата  го пренасочуваше сообраќајот по други улици во градот, со што се создаде и  колона од возила по булеварот

Инаку, пред една недела почина 15-годишниот средношколец Мустафа Седат, кој 12 дена пред тоа беше прегазен на пешачкиот премин на булеварот “Гоце Делчев” во Штип.