Тенис
9. October 2015 - 18:09

Уште една победа во серијата на Ѓоковиќ во Пекинг

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја продолжи серијата победи на турнирот во Пекинг откако попладнево го совлада Џон Изнер со 2:0 во сетови (6:2 и 6:2 во гемови). Ова за Ѓоковиќ е вкупно 27.ма победа на овој турнир, а има вкупно пет трофеи. 
Негов ривал во полуфиналето утре ќе му биде Давид Ферер, кој со 2:0 во сетови со само четири загубени гема (6:3 и 6:1) го победи Јен Хсун Лу. 
Во второто полуфинале ќе играат Рафаел Надал и Фабио Фоњини. Двајцата тенисери оваа година одиграа неколку интересни меча. Инаку Надал со пресврт стигна до победата над Џек Сок по гемови – 3:6; 6:4 и 6:3, додека Фоњини го совлада Пабло Куевас со истиот резултат 2:1 во сетови (6:1; 2:6 и 6:2).
Во женските полуфинални мечеви на турнирот ќе играат: Ана Ивановиќ против Тимотеа Бачински и Гарбине Мугуруза против Агнешка Радванска.