-->
-->
Уште една пејачка затворена поради провокативен спот
-->
Уште една египетска поп-пејачка е притворена поради „провокативен музички видео-спот“ објавен на интернет.
Станува збор за Лајла Амер, која е обвинета за нарушување на јавниот ред и мир и за „поттикнување неморално однесување" со своето триминутно видео.
Обвинителството тврди дека спотот придонесува за „уништување на моралот и ширењето пороци".
Здружението на египетски музичари веднаш ја исклучи пејачката од своите редови, со образложение дека видеото претставува „навреда за народот во Египет".
Поп-ѕвездата во него преку стомачен танц во тесни фармерки и игра на зборови, импликативно асоцира на добро позната египетска пцовка, со што доста умешно ја избегнува и цензурата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рокас: Македонија доцни со реформи во правосудството, следиме се што се случува
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани
-
Овошна садница за пластично шише, еколошка акција во општина Босилово
-
Преглед на вестите од светот
-
Насилникот од Радовиш што ја тепаше жената во живо на Тик-Ток доби кривична пријава