Уште две жртви во протестите во Венецуела
Во Венецуела продолжуваат протестите против владата на претседателот Николас Мадуро, пренесуваат британските медиуми.
Во насилните и тензични демонстрации има уште две жртви. Со тоа, од почетокот на протестниот бран, на почетокот на минатиот месец бројот на загинати достигна најмалку 39 лица.
Во Каракас илјадници демонстранти повторно побараа оставка од претседателот и закажување избори. Млади лица фрлаа шишиња и кеси со измет врз војниците, разместени на главниот булевар во венецуелската престолнина. Војниците одговорија со солзавец.
Малите стаклени шишиња, наполнети со измет, станаа популарни како „Пупутов“ коктел - што е своевидна игра со зборови на славниот „Молотов“ коктел .
Многу млади беа „вооружени“ токму со такво „оружје“. Војниците од Националната гарда, меѓутоа, им го блокираа патот со солзавец и водени орудија.
- Нема ништо експлозивно тука. Тоа е нашит начин да кажеме: „Тргај се Мадуро! Не чиниш за ништо!, рече еден млад човек.
Вчера 27-годишен демонстрант беше убиен во протестот во Каракас, соопшти обвинителството, без да даде детали за настанот.
И маж на 32-годишна возраст починал, откако бил ранет во демонстрациите во северозападниот град Мерида.
Од почетокот на протестите во земјата убиени се вкупно 39 лица, а стотици се ранети и уапсени.
Опозицијата за утре закажа протестен марш на дедовците и бабите.
Ново на Сител
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците
-
Први преговори ВМРО-ДПМНЕ - ВЛЕН
-
Мицкоски: Во изјавите ќе го користиме терминот Македонија
-
Мицотакис: Не ги потпишуваме договорите од Преспа, тие се наше оружје
-
Се поставуваат безбедносни камери во зградата на Кацарска, овој инцидент е загрозување на нејзината безбедност
-
Демири не кажа дали договорците на Токсикологија се стручни туку му било жал што работеле без пари
-
Анализа на македонски експерти: Кои се мотивите за атентатот врз словачкиот премиер?
-
Палевски преноќи во Шутка