Уште две лица уапсени во врска со смртта на 39 лица во камион во Англија
Уште две лица се уапсени во врска со смртта на 39те лица пронајдени во приколка на камион во југоисточна Англија, соопшти денеска британската полиција.
Во соопштението се посочува дека маж и жена од Варингтон, северозападна Англија, се уапсени под сомнение за убиство и трговија со луѓе.
Возачот на камионот се уште е во притвор под сомнение за убиство.
Телата беа пронајдени во средата во приколката на камион- ладилник во индустриската зона во местото Грејс, на околу 40 километри источно од Лондон. Камионот и приколката со луѓето внатре, по се изгледа, се движеле одделно пред да стигнат до индустриската зона.
Британските медиуми објавија дека жртвите биле кинески државјани, меѓутоа, кинеската амбасада во Велика Британија денеска соопшти дека полицијата сè уште ги проверува идентитетите на жртвите и дека нивната националност сè уште не е утврдена.
Ново на Сител
-
Претрес во Штип, приведен дилер
-
ИДФ: Убиен е Махмуд ал-Мабух , командант на единицата за дронови на Хамас во Газа
-
Во Берово најстудено, во Гевгелија најтопло
-
Полициска акција во струмичко-гевгелискиот регион - се очекуваат детали од МВР
-
Седумнаесет години од загинувањето на Тоше Проески
-
Судскиот совет ќе разгледува барања за исклучување на јавноста во постапки за одговорност на судии
-
Во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче
-
Предлог-измените на Законот за домување на комисиска расправа