Уште два слободни кревети во штипското Инфективно одделение
Два слободни кревети за ковид пациентите има во штипското Инфективно одделение. Според здравствениот билтен на Клиничка болница-Штип во последните 24 часа бројот на новопримени е за три пати поголем од бројот на оздравени пациенти.
Во изминатото деноноќие новопримени се девет пациенти, а дома си заминале само тројца. Со ова бројот на хоспитализирани на Инфективното одделение во Штип е 56, од кои 44 се на постојана кислородна поддршка и се приклучени на апарати за дишење, а вакцинирани се 16 пациенти. Нема починати лица во изминатите 24 часа, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Со полнење на капацитетите на Инфективното одделение, се размислува и за отворање и на модуларната ковид болница во Кочани. Ковид пациентите од Кочани се препраќаат на болничко лекување во Штип, но капацитетите веќа се речиси полни, а кадар за отворање на модуларната болница во Штип нема, бидејќи околу 20 здравствени работници се заразени со коронавирусот и се во изолација.
Во општините од источниот регион активни се 915 ковид случаи, најмногу во Штип 317, во Кочани 210 и во Делчево 151. Во останатите општини од истокот бројката е двоцифрена, највисока е во Берово каде активни се 86 ковид случаи, а во Македонска Каменица 41, а во Пехчево 25 ковид пациенти.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп